Uber ја загуби лиценцата за работа во Лондон

28

Uber ја изгуби лиценцата за работа во Лондон, што е голем удар за американската мултинационална компанија со оглед на тоа што главниот град на Велика Британија е еден од најголемите пазари со околу 3,5 милиони корисници.

Transport for London (TfL) соопшти дека не ја обнови лиценцата на Uber, бидејќи е забележано загрозување на безбедноста на патниците. При направените контроли, како што се наведува, биле пронајдени неовластени возачи кои користеле сметки на постоечки возачи на Uber и ги преземале патниците, користејќи возила што не се регистрирани за возење.

На овој начин биле направени околу 14.000 возења. Исто така, биле забележани и возачи кои се суспендирани од платформата на Uber, но и понатаму имаат можност да отворат сметка и повторно да возат.

Фото: Pixabay