Uber од денеска во Хрватска

24

uber

Познатиот такси сервис Uber од денеска (22 октомври) точно на пладне почнува со работа во Загреб. Услугите на компанијата ќе бидат достапни преку официјални мобилни апликации за iPhone, Android и Windows Phone уреди, пишува Нетокрација.

Uber во Хрватска влегува со услугата UberX. Како што пишува порталот, за разлика од контроверзниот UberPop, возачите на UberX се лиценцирани и работат во согласност со хрватските закони.

Жителите на Загреб се првите што ќе можат да нарачаат Uber возило, а од следната година компанијата размислува своите услуги да ги понуди и во Дубровник, Сплит и Риека.