Uber воведува достава на лекови во Јужна Африка

30

Uber во Јужна Африка ја шири понудата и воведува нова услуга што подразбира достава на лекови, пишува CNN.

Апликацијата ја користат два милиони луѓе во Јужна Африка и покрај превоз и достава на намирници, корисниците ќе може да добијат нова услуга што подразбира достава на лекови.

Анализите предвидуваат јужноафриканскиот пазар, кога станува збор за дигиталниот маркетинг, да забележи пораст од 11% до 2024 година. Се очекува и пораст на бројот на онлајн купувачи од 25 на 37 милиони.

Фото: Freepik