Uber запира со работа во Бугарија

32

uber

Uber повеќе нема да ја нуди својата услуга на бугарскиот пазар. Врховниот административен суд ја потврди одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за запирање на работата, откако претходно компанијата беше обвинета за нелојална конкуренција. Uber го изгуби правото да работи во оваа земја сè додека не го усогласи своето работење со барањата на бугарското законодавство, јавува бтв.

Менаџерот на компанијата за Бугарија, Димитар Радуков потврди дека услугата Uber X привремено е стопирана во Софија и додаде дека нема да се откажат од овој пазар, дека бараат начин да продолжат да ги нудат своите услуги.

Uber на бугарскиот пазар влезе пред година и собра над 40.000 корисници.