UBS казнета со 4,5 милијарди евра за финансиска измама

51

Швајцарскиот гигант UBS се соочува со голема финансиска казна во Франција, откако тамошниот суд пресуди дека банката им помогнала на своите богати клиенти да избегнат данок, пишува CNN.

Според одлуката UBS мора да плати износ од 4,5 милијарди евра, поради перење на пари и нелегални барања на клиентите.

Казната вклучува и 800 милиони евра што треба да се платат како граѓанска штета на француската држава.
Од UBS велат дека бараните износи “не се поддржани од презентираните докази и законот“ и “евидентен е недостатокот од случај за обвинителството“.
Претходно француските обвинители побараа од судот да изрече и поголеми парични казни од 5,3 милијарди евра.

Фото UBS