UBS на богатите клиенти ќе им нуди криптовалути

25

Банкарската групација UBS започнува проект поврзан со дигитални валути, којшто е насочен кон богати клиенти, а со тоа ќе биде уште една компанија што ќе понуди ваков вид на услуги.

Швајцарската компанија разгледува неколку можности за инвестирање во ваков вид на актива, пренесува Bloomberg.

Инаку, во светот расте бројот на компании што нудат услуги поврзани со криптовалутите, а меѓу нив се и Goldman Sachs, Morgan Stanley и Bank of New York Mellon Group, коишто на свои побогати клиенти им овозможува пристап до дигитални валути.

“Внимателно следиме што се случува на полето на дигиталните валути. Што е уште поважно, наш интерес се технологиите на коишто се базираат криптовалутите“, велат од банката.

Биткоинот во овој момент ужива најголема популарност меѓу дигиталните валути, но постојат и други кои привлекуваат големо внимание. UBS е загрижен дека доколку не ги стави во својата понуда, ќе го загуби чекорот со конкуренцијата.

Фото: Pexels