UBS планира да отпушти 3.000 вработени во Швајцарија

15

Групацијата UBS планира да елиминира околу 3.000 работни места на својот домашен пазар во Швајцарија, бидејќи се обидува да ги намали трошоците за милијарди долари по купувањето на банката Credit Suisse.

Ова е првпат главниот извршен директор на UBS Group, Серџо Ермоти, да даде конкретна бројка за тоа колку „работни места“ ќе чини големото спојување, иако отказите што тој ги откри на состанокот со инвеститорите веројатно ќе бидат само мал дел од целокупното намалување на работните места, пишува Блумберг.

Купувањето на банката Credit Suisse ја зголеми работната сила на групата UBS за 45.000 до сегашните нешто помалку од 120.000 вработени.

УБС претходно соопшти дека сака да ги намали трошоците за персоналот за околу 6 милијарди долари во следните неколку години, што всушност претставува повеќе од половина од ветувањето на Ермоти за намалување на трошоците за повеќе од 10 милијарди долари.