Училиште поставило соларни панели па им ги зголемило платите на наставниците

109

Едно училиште во Арканзас ја зголеми платата на секој наставник за 15.000 долари годишно по инсталирањето на соларни панели.

Училишниот округ Бетсвил инсталирало вкупно 1.500 соларни панели во последните две години, откако долго време се борело да им исплати фер плата на наставниците. Училиштето го искористило неискористениот простор исполнувајќи го со табли.

Пред да се префрли на соларна енергија, училиштето било познато по тоа што наставниците добивале во просек плата од 45.000 долари годишно.

Од инсталирањето на панелите, училиштето не само што заштедило пари, туку и заработило со продажба на електрична енергија, назад на локалната електрична мрежа.

Фото: Pixabay