Угледен банкар крадел сендвичи од кантина

Инвестиционата банка Citigroup суспендира високо позициониран банкар кој е обвинет за кражба на храна од кантината за вработените. Тој заработувал повеќе од милион фунти годишно, вклучувајќи и бонуси.

Како што пренесува BBC, сменет е од позицијата шеф на трговија со високи приноси за Европа, Блиски Исток и Африка, минатиот месец. Според извештаите на медиумите на кој се повикува BBC, банкарот има 31 година и е суспендиран по наводите дека крадел сендвичи од кантината во лондонското седиште на банката.

Ова не е првпат високо позициониран службеник од CitiGroup да се казни поради наводно или докажано недолично однесување. Еден директор беше фатен како континуирано избегнува да купи карта за воз на пат за Лондон.

Фото: Pexels