Угостителите да работат до 18 часот, предлага Комисијата за заразни болести

34

Комисијата за заразни болести утрово разговараше за нов пакет рестриктивни мерки, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Facebook.

Предлогот од комисијата до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:

  • Угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;
  • Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;
  • Во претстојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;
  • Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за претстојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.

На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Независната угостителска комора.