Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, забрането групирање на повеќе од четири лица после 21 часот

56

Владата на денешната седница одлучила да се скрати работното време на угостителските објекти до 21 часот и да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот.

Владата на денешната седница, како што напиша премиерот Зоран Заев на Facebook, донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
  • Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
  • Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
  • На седницата е донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот.
  • Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

Фото: Pixabay