Уготур прокнижи загуба од 2,5 милиони денари

16

ugotur

Компанијата Уготур во период од први јануари до 30 септември оствари загуба во висина од 2.557.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Минатата година, компанијата работела со добивка во висина од 43.544.000 денари.

Вкупните приходи оваа година се на ниво од 18.064.000 денари, додека во истиот период лани тие биле на ниво од 21.414.000 денари.