УЈП: Досега поднесени се вкупно 130.850 даночни пријави

23

ujp-4-580x335На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, се вели во соопштението.

Имајќи во предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Во Скопје досега поднесени се вкупно 50.058 даночни пријави, во Битола 17.669, во Тетово 11.050, во Струмица 7.873, во Прилеп 19.231 и во Штип 24.969.

Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери.