УЈП: Еднодневни обуки на сметководители во јануари за даночно работење

16

Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП) упатува повик за еднодневна обука за теми од актуелни настани коишто се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект за даночното работење.

Обуките се организираат во период од 11-ти до 27-ми јануари на повеќе локации низ Македонија.

Учеството на обуката се обезбедува со регистрација, односно со најава на наведеното контакт лице, најдоцна два дена пред почетокот на обуката. Обуките, како што стои во соопштението, се без финансиски надоместок.

Целна група на обуките се сметководителите.