УЈП го ограничува приемот на странки и го затвора одделението во Дебар

33

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека го ограничува времето за прием на странки од 08:00 до 12:00 часот во Генерална/Регионални дирекции/одделенија/шалтери, а даночното одделение Дебар и мобилните даночни шалтери ќе бидат затворени додека траат препораките од Владата, односно до 24-ти март 2020.

Управата за јавни приходи ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноциe-Персонален данокМојДДВkontaktcentar.ujp.gov.mk, како и да контактираат со УЈП преку е-пошта: info@ujp.gov.mk и телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксна) и 02 3253 200 (од сите оператори).

Фото: Pexels