УЈП: Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ

20

ujp logo

Од Управата за јавни приходи (УЈП) апелираат до граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка.

Управата, како што се наведува, ќе отпочне присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци.

Состојбата на долговите за радиодифузна такса е наведена во Решението, коешто УЈП го доставува секој месец до обврзниците, а дополнително проверка може да се врши преку интернет.

Граѓаните, како што се наведува во соопштението, може да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузна такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCars издадени од домашна банка.