УЈП и овој месец организира обуки за сметководители

27

ujp

Даночната академија при Управата за јавни приходи (УЈП) и во текот на овој месец организира обуки за сметководители.

Учеството на обуката се обезбедува со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два дена пред почетокот на обуката.

Еднодневната обука се однесува на теми од актуелни настани, коишто се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење.

На интернет страницата на УЈП е поставен распоред на градот, времето, темата на обуката и лицата за контакт.