УЈП ја објави 12-тата листа на должници

25

ujp logo

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави 12-тата листа на должици, кои имаат долгови доспеани до 31-ви август оваа година и не се платени до 30.11.2015 година.

Долговите се однесуваат на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност кои се најдоа на листата на УЈП имаат долг повисок од 120.000 денари, додека за правните лица долгот е над 300.000 денари.