УЈП ја обjави осмата листа на должници

14

ujp logo

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави осмата листа на должници за долгови доспеани до 30.04.2015 и неплатени до 31.07.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа се наоѓаат имиња на физички лица и самостојни вршители на дејност, чиј износ на долг е повисок од 120.000 денари, додека кај фирмите тој износ е 300.000 денари.