УЈП ја објави петтата Листа на должници

15

Управата за јавни приходи ја објави петтата Листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2015 година и неплатени до 30.04.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа се наоѓаат должници, чиј долг е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.