УЈП ја објави последната листа на должници за оваа година

14

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави последната листа на должници за оваа година.

На листата број 12 се најдоа физички и правни лица чии долгови се доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на должности,кои се најдоа на оваа должничка листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, а кај правните лица тој надминува 300.000 денари.