УЈП: Корисни совети за поднесување на МПИН пресметки

85

ujp

Управата за јавни приходи го објави најновото издание на брошурата за Месечна пресметка за интегрирана наплата.

Брошурата е практичен водич наменет, пред сè, за обврзниците за пресметка и уплата на социјалните придонеси и сметководителите.

Во брошурата има корисни совети за тоа е кој е обврзник за пресметка, уплата и за плаќање на придонеси и ПДД; кои се стапки и основици за пресметување на придонеси и ПДД; предуслови, начини и рокови за поднесување и плаќање по МПИН пресметки; начин на пополнување на МПИН пресметка и специфичности при изготвување на пресметките за плата; постапка за исправка на неточни податоци; поврат на повеќе или погрешно уплатени придонеси и ПДД; рефундирање на средства за уплатени придонеси за инвалидни лица и заштитни друштва, како и интерактивни упатства.