УЈП: Корисниците на МојДДВ да внесат лична трансакциска сметка за да им се врати дел од данокот

48

Управата за јавни приходи (УЈП) по службена должност во декември оваа година ќе изврши враќање на дел од данокот на додадена вредност на трансакциска сметка на граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ.

За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата МојДДВ за да им се изврши враќањето на данокот.

Од УЈП напоменуваат дека корисниците на апликацијата Мој ДДВ треба да внесат лична трансакциска сметка, во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот.

Фото: Pixabay