УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси во 2016

21

ujp

Просечната плата, како што се вели во соопштението на Управата за јавни приходи, се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките на плата коишто се однесуваат за период од јануари до декември 2016 година.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесуваат 16.134 денари или 50% од просечната бруто плата според податоците на Државниот завод за статистика – 32.268 денари.

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за примањата од работен однос изнесува 387.216 денари (12 х просечната бруто плата од 32.268 денари).

Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2016 година за самовработено лице изнесува 258.144 денари (8 х 32.268 денари).

“Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за јануари 2016 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси треба да поднесат исправки на истите со утврдениот износ на просечната плата“, се вели во соопштението на УЈП.