УЈП објави нова листа на должници

18

Управата за јавни приходи објави листа на должници за долгови што се доспеани од 30.09.2014 и неплатени до 31.12.2014 година, стои во соопштението објавено на страницата на УЈП.

Долговите на должниците се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршителни на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.