УЈП: Поднесување годишна даночна пријава најдоцна до 15-ти март

54

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека во тек е поднесување на Годишна даночна пријава и пријавување на приходи.

“Задолжително поднесете Годишна даночна пријава најдоцна до 15-ти март 2016 година, доколку во изминатата 2015 година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска или самостојна дејност сте оствариле приходи од: кирии, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра поголема од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, лични примања од странство, работно ангажирање во амбасада, мисија на меѓународна организација, приходи остварени преку интернет (е – трговија, услуги извршени преку специјализирани страни), поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи надвор од редовната плата или пензија“, се вели во соопштението на УЈП.

Работодавецот и фирмите што ги извршиле исплатите на приходи во текот на изминатата година, имаат законска обврска најдоцна до 25-ти јануари да издадат збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси во 2015 година.

Годишната даночна пријава може да се поднесе по електронски пат доколку корисникот е регистриран во системот е – Даноци. Пополнетата Годишна даночна пријава може да се поднесе и во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта.

godisna danocna prijava