УЈП: Поднесување на барање за паушално оданочување со персонален данок до 31-ви декември

26

ujp logo

Доколку некој извршува самостојна дејност – занаетчија, верско лице и слично и не е во можност да води деловни книги или водењето книги ја отежнува дејноста, има право да поднесе барање за паушално плаќање на персонален данок на доход, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

На тој начин, данокот на доход за 2016 година да се плати според паушално утврден нето приход.

Барањето може да се поднесе до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник.

“За да стекнете право на паушално оданочување за 2016 година, покрај тоа што треба да се поднесе барањето најдоцна до 31-ви декември 2015 година, треба задолжително да се исполнат овие услови: да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност, да не вработувате други лица, во дејноста да не вложуваат и други лица и да остварувате нето годишен приход од вршење дејност до две годишни просечни плати“, велат од УЈП.