УЈП: Прекини на Инфо линијата 0800 33 000 и на 198 поради технички зафати

21

ujp

Управата за јавни приходи информира дека на 06.10. (четврток), со почеток од девет часот, Инфо линијата 0800 33 000 и линијата Пријавете неправилности, нема да бидат во функција, поради технички зафати на телефонската мрежа во Контакт центарот на УЈП.

Од УЈП однапред им се извинуваат на сите корисници поради прекинот на достапноста на услугите преку Инфо центарот на УЈП.