УЈП: Продолжен рокот за поднесување ДДВ пријава 

16

ujp

Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е – Даноци, Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и сметководители дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ – 04 пријавата ќе биде продолжен.

Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, како што се наведува, УЈП дополнително ќе информира за достапноста на системот е – Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата.