УЈП со насоки за подготовка на МПИН пресметка за практикантска работа

527

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, што се применува од 01.07.2019 година, воведена е нова категорија на обврзник за плаќање на придонеси лице на практикантска работа кај работодавач, односно кај правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кој вработува работници врз основа на договор за вработување

Постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа, се дефинирани во Законот за практиканство.

Работодавачот е обврзник за пресметка и уплата на следните придонеси по стапка од:

  • 4% придонесот за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
  • 0,5% дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување.

Оданочувањето на личниот доход на физичките лица кои се обврзници за плаќање на данок на личен доход, даночната основа за пресметување и даночната стапка се уредени во членовите 11, 15 став 1 точка 16 став 1 точка 14 и 17 од Законот за данокот на личен доход, а рокот за плаќање е според Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Согласно овој Закон уредено е дека надоместоците за практикантска работа дефинирани во Законот за практикантство се сметаат за остварен доход од работа. Основа за пресметување на данокот на доход претставува износот на надоместокот за практикантска работа намален за придонесот врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест и дополнителениот придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа.

Начин на пополнување на МПИН пресметка од страна на работодавач
За пресметување и плаќање на надоместокот за практикантска работа, потребно е да ја преземете новата верзија МПИН клиентски софтвер http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81

Со поднесување на пресметките, работодавачот ќе добие налог ПП 53 за плаќање на придонесите и исплата на надоместок (нето) за работно ангажирање на лицата практиканти.

Фото: Pixabay