УЈП со засилени контроли за фискализација во летниот период

17

ujp

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија, каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет.

“Со цел превентивно да делуваме субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, даночниците од вчера отпочнаа со засилени контроли во Гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекти во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност“, наведуваат од УЈП.

Оттаму апелираат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од УЈП, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.