УЈП: Уште 15 дена за воведување фискален апарат со GPRS уред

23

ujp

На 15 дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со GPRS уред, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред најдоцна до 31 октомври 2014 година имаат 8.900 даночни обврзници, чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

И покрај тоа што постапката за регистрација трае кратко (до 10 минути) и се врши електронски од страна на овластениот производител во моментот на набавка на фискалниот апарат, сепак апелираме обврзниците кои не ја отпочнале постапката истото да го сторат веднаш и да не го чекаат последниот рок.

До крајот на месец октомври над 7.000 обврзници треба да обезбедат фискален апарат со GPRS уред што значи дека преку системот на УЈП на дневна основа треба да се регистрираат над 450 фискални апарати.