УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2015 година

31

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2015 година.

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.

Најдоцна до 31-ви јануари 2016 година на шалтерите на УЈП, земјоделците може да поднесат пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.