Украина и Русија ќе прават најголем карго авион во светот

62

Bold MonarchУкраина и Русија се договорија заеднички да започнат производство на Antonov An-124 карго авион, најголемиот сериски произведен карго авион во светот, изјави украинскиот заменик премиер Јури Бојко.

“An-124 е уникатно летало со огромен потенцијал во сите области на глобалната економија. Убедени сме дека заедно со рускиот партнер успешно ќе го имплементираме овој проект”, изјави Бојко, пренесуваат руските медиуми.

Според него, оваа заедничка соработка помеѓу Украина и Русија ќе го намали ривалството меѓу двете земји на глобалниот авио пазар.

Украина ќе обезбеди технолошка поддршка за проектот, додека Русија ќе обезбеди продукција и маркетинг.

An – 124 е најголем карго авион во светот кој може да носи до 150 тони товар.