
Украина го зголемува обемот на сопственото производство на гас и не планира да го увезува оваа година, изјави шефот на украинскиот енергетски гигант Нафтогас, Алексеј Чернишов.
„Украина има доволно гас, а Нафтогас го зголемува сопственото производство. Годинава ќе го зголемиме сопственото производство за осум проценти. Всушност, Украина конечно може да се потпре на себе“, рече Чернишов, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека Киев може „во некои сценарија“ да увезува гас за да создаде резерви.











