Улогата на графичкиот дизајн во креирањето на емоционален бренд (прв дел)

25

apple-1

Фото: Pexels

Република Македонија, меѓу индустриските производители во светот, и ден денес не може да се натпреварува со понудата за сопствени брендови, и со тоа го губи својот пазарен удел на глобалниот пазар. Оваа ситуација ја направи РМ свесна за тоа колку е важен дизајнот на производите за да може да продолжи да се натпреварува во денешниот глобален свет. Вредноста на дизајнот во РМ се зголемува. Професијата графички дизајнер, која одамна се образуваше, но не можеше да го достигне нивото на признание кое го заслужува, почна да се здобива со одредено признание на домашниот пазар. Ова ги наведе поголемите компании интензивно да соработуваат со графички дизајнери. Во последните години неочекуваниот успех на младите македонски дизајнери во странски земји како и дискусиите, панелите, изложбите и конференциите во врска со дизајнот го зголемија интересот за оваа професија. Сепак, добро дизајнираниот производ сам по себе не е рецепт за успех кога се натпреварува со други поразвиени индустриски земји. За да успее, производот мора да биде искомбиниран со моќен бренд и да се продава од страна на компанија која ја разбира важноста на создавањето на емоционален бренд.

Важноста на брендирањето стана клучна за развојот на македонската индустрија од индустрија со ниски трошоци на производство во индустрија со врвно производство со повисоки трошоци. Успех во брендирањето може да се постигне само со набљудување и следење на глобалните стратегии. Како што маркетинг стратегиите се менуваат од рационални решенија во чиј центар на интерес е компанијата во емотивни решенија ориентирани кон корисниците, „Емотивен Дизајн” (Design Emotion) стана нов тренд во глобалниот пазар. На оваа тема се напишани многу книги и се одржани многу конференции.

Логото, кое е најважната визуелна компонента на брендот, ја формира првата и најдолготрајна врска помеѓу компанијата и клиентот. Оттука, креирањето на логоа во емоционален бренд игра многу значајна улога. И покрај тоа што во странските држави постојат многу пишани извори и визуелни примери за емоцонален дизајн, ниту еден од нив не зборува за улогата на дизајнот на логото во креирањето на бренд емоција.  Македонските натписи за емоционален дизајн се само превод на оригиналите. Се почесто се организираат конференции на кои се разговара меѓудругото и за сетилното брендирање, за сетилата, видот, звукот, допирот, мирисот и вкусот и нивното значење во креирањето на брендовите.

Иако концептот на емотивно брендирање е релативно нов, денес, како што брендовите преминуваат од маркетинг решенија придвижени од компанијата, кон стратегии кои се насочени кон корисниците, тој станува еден од најважните зборови кои доминираат на пазарот. Корисниците постојано се привлекувани со слики и пораки од компании кои бараат да им веруваат, да пристапат кон нив, или да реагираат на нивните производи на одреден начин. Брендот во најдобра смисла е повик до корисниците, барање од нив да бидат дел од стилот што тој го отелотворува. Компаниите се обидуваат да најдат нови начини и средства за да го засилат искуството на корисниците и да додадат повеќе емоција на брендот преку употреба на петте сетила. Во ситуација кога пазарот е придвижуван од емоции, а визуелно корпоративниот идентитет е она што го поврзува со корисниците на многу високо ниво, логоата станаа најважните алатки за креирање на емоции. Маркетинг стратегиите стануваат потрошувачки ориентирани, а емоциите доминираат во стратегиите за брендирање.

Технологијата врши големо влијание на начинот на кој го живееме секојдневието. Компјутерите го револуционализираа начинот на кој информациите се шират и како се извршуваат задачите; скоро е невозможно да се најде некој или нешто што не е афектирано од компјутерите. Светот на технологијата е традиционално лишен од емоции, па затоа е интересно да се види колку емоцијата може да се искористи за влијание врз мислите на купувачите. Компанијата Apple претставува интересен предмет за бренд. Ретки се компаниите кои што се покажале толку успешни во брендирањето како Apple. На Apple и се признава дека има достигнато екстремно ниво на лојалност кон брендот и фанатизам помеѓу нејзините корисници. Ова лого е општо признато како успешен пример на компанија за информатичка технологија која што користи различни маркетинг стратегии. Сепак, продава персонални компјутери, мобилни телефони и музички технолошки апарати. Apple секогаш се претставувала себеси со поинаков начин на размислување за информатичката технологија. Apple се смета себеси за револуција во свет во кој што доминираат и други компјутерски брендови. Кај брендот на Apple станува збор за тоа да се биде иновативен, кул и во првите редови на технологијата.

Продолжува…