Ултра луксузен кревет што ротира 360 степени

43

Земајќи ја предвид потребата на луѓето за елегантни, футуристички и практични парчиња мебел, брендот Thony Collection претстави ултра луксузен кревет.

Она што го прави овој кревет различен од сите други е фактот дека тој ротира за 360 степени, нудејќи максимална удобност за време на спиењето.

Надворешната обвивка на овој кревет има вграден прстен од светлина што создава прекрасна атмосфера во спалната соба.

Создаден како дело на дизајнерот Гантер Тони од Лихтенштајн, овој кревет е суптилен и модерен во исто време. Неговата елегантна форма им овозможува на корисниците слобода во поставувањето во спалната соба и со помош на механизмот можност за ротирање, да се сврти во која било насока – кон ТВ-екранот, прозорецот или ѕидот.

Фото: architonic