Унгарија планира да изгради град што ќе биде со ефект на стаклена градина и ќе се напојува од обновливи извори. За овој мега проект ќе бидат одвоени една милијарда евра, а ќе се наоѓа на границата помеѓу Унгарија, Австрија и Словачка. Градот, којшто ќе зафаќа површина од 330 хектари,нема да емитува штетни гасови, пишува Dezeen.
Овој земјоделски центар ќе вклучува неколку стакленици каде што ќе се одгледуваат разни растенија и зеленчук од типот на домати и модри патлиџани. “Стаклениот“ град ќе биде дом и на најголемиот “крајбрежен рибник“ во Европа.
Германскиот снабдувач на енергија EON ќе ја обезбеди обновливата енергија за фармите, најмногу во форма на сончева енергија и биогас. Ќе бидат изградени и 1.000 домови за работниците лоцирани во нова станбена зона којашто ќе вклучува градинка, основно училиште, продавници и хотели.
Фото: Pexels