Уни Банка со деветмесечна добивка од 161,8 милиони денари

111

Уни Банка оствари добивка од 161.889.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката прикажа добивка од 198.222.000 денари.

“Остварените вкупни приходи од работење изнесуваат 1.127,8 милиони денари и во однос на истиот период  минатата година бележат пораст од 17%. Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 161,9 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи“, стои во Образложението за финансиските резултати.

Нето приходите од камата, заклучно 30-ти септември, достигнаа 580.689.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци се на ниво од 124.060.000 денари.

Фото: Pixabay