UniBrick – тула направена од шест килограми пластика

14

Фото: Pixabay

Младиот архитект Рубаш Чеда од Индија стои зад прототип на еколошката тула UniBrick, којашто е направена од шест килограми пластика.

За производство на еден килограм пластика се неопходни два литри нафта. Тоа значи дека во една ваква тула ќе има “вградено“ околу 12 литри нафта, што е исто колку и 72 килограми јаглерод диоксид, количина што едно просечно домаќинство ја произведува за два дена. За градење на една куќа од 55 метри квадратни, неопходни се околу 2.000 вакви тули, што е 24 кубика нафта и 144 тони јаглерод диоксид.

Чеда денес работи во рамки на Conscious Designs, старт – ап што се занимава со архитектонски проекти базирани на општествени, еколошки и економски исплатливи идеи, што треба да го подобрат животот во Индија и пошироко.