Уника Дизајн – уникатен мебел што го освојува светскиот пазар

604
toci
Тоде Наков, сопственик и управител на Уника Дизајн

Уника Дизајн е компанија што се занимава со производство на мебел којшто има свои специфични карактеристики. Основана е пред две децении од Тоде Наков – Тоци. Во објект од 1.200 метри квадратни се работи на најсовремени CNC машини, а компанијата може да се пофали со богато портфолио на клиенти.

2

БИ: Која е главната дејност на Уника Дизајн?

Нашата компанија се занимава со проектирање и производство на мебел од плочест материјал. Изработуваме кујни, плакари, детски соби, спални соби, елементи за ходници, елементи за бањи, комоди, канцелариски мебел… Исто така, произведуваме индустриски мебел за повеќе брендови. Секогаш се трудиме нашите производи да се уникатни, па од таму доаѓа и името на нашата компанија.

4

БИ: Какви материјали користите во изработката на вашиот мебел, машини, технологија?

Во производството на мебел користиме висококвалитетни суровини: фурнир, медијапан, иверка и масив. Производствениот погон располага со современи CNC машини со различни операции за потребите во процесот на производство и имаме своја современа модерна комора за фарбање на нашите производи.

5

БИ: Дали сте имале некои специфични барања од клиентите?

Имаме и клиенти со специфични барања, меѓутоа стручноста на тимот составен од четворица инженери за внатрешен дизајн е на високо ниво, така што комплексноста на барањата од клиентите за нив е вистински предизвик. Во разговор со клиентот, ги откриваме неговите желби и замисли и изнаоѓаме заедничко решение за дизајнот кој најмногу одговара. Нашата идеја и крајна цел е на купувачот да му понудиме мебел кој ќе биде естетски и функционално задоволителен, квалитетен и финансиски достапен.

3

БИ: Кој е најголемиот предизвик на којшто сте работеле?

5

Од многуте предизвици би можел да го издвојам проектот на кој работевме во Катар и Кувајт за синџирот продавници на брендот Aftershock Лондон.

Комплетното производство и реализација беше дело на нашата компанија. Мислам дека сме една од ретките компании кај нас, ако не и единствена, која може да се пофали дека направила мебел за тој пазар.

Освојувањето на странскиот пазар е предизвик за секоја компанија, па така и за нашата. Во завршни преговори сме за комплетно ентериерно уредување на хотел во Германија, а меѓу другото, извезуваме мебел во Швајцарија, Холандија и земјите од нашиот регион.

БИ: Постоите две децении на пазарот, што е клучот на вашиот успех?

6Самодовербата, вербата во она што знаеш да го работиш, долгогодишното искуство, како и тимот кој стои зад мене е клуч на успехот. Квалитетот и тимот се на прво место. Постоењето на добриот меѓусебен колегијален однос, односот кон клиентите, како и навремената испорака на производите е исто така клуч на нашиот успех. Задоволните клиенти говорат за нас, ни се враќаат и нè препорачуваат. За нас важи маркетингот “од уста до уста”.

БИ: Што планирате за понатаму?

Нашата компанија, како што веќе споменав, во изминатиот период инвестираше во имплементирање на нова технологија – машини и софтвер, како и едукација на своите вработени, а сé со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот на процесот на производство.

Плановите за во иднина ни се во секој случај проширување на производниот капацитет, човечките ресурси и зголемување на соработката со нашите странски партнери.