Unilever го купи стартапот за здрава храна Graze

23

Фото: Graze

Британско – холандскиот гигант Unilever го купи стартапот за производство на здрава храна Graze. Точната продажна сума не е обелодената, но зделката се проценува дека вреди 193,5 милиони долари.

Graze е британски старт – ап основан во 2008 година, којшто не само што нуди здрава храна, туку и го менува начинот на живот на потрошувачите, креирајќи здрава листа на јадења за секој од нив.

Според извршниот директор, Антони Флечер купувањето на стартапот од страна на Unilever е “одлична шанса за раст на бизнисот во секоја насока“, пишува Independent.

Од производствениот гигант, пак, велат дека ќе имаат корист од технологијата и експертизата во е-трговија на Graze и ќе им понудат на што поголем број на купувачи здрав начин на исхрана.

Unilever има одлична репутација кога станува збор за купување и помагање на помали брендови.