Уред за неколку секунди проверува дали патиките се оригинал

Уред користи вештачка интелигенција (ВИ) за идентификација на лажни патики за само неколку секунди, пишува Business Insider.

Компанијата Entrupy го развива ова решение што користи вештачка интелигенција за да се утврди дали некој пар патики е оригинал или фалсификат.

Целта е уредот да им биде достапен на трговците за да можат на брз и лесен начин да ја проверат автентичноста на патиките.

Инаку, фалсификат патиките претставуваат голем проблем за продавачите, а се верува дека со вакви уреди ќе се намали нивната препродажба.

“Имате чувство дека сте изневерени кога ќе купите нешто што не е оригинал и мислам дека тоа е она што се обидуваме да го решиме“, вели соосновачот на Entrupy, Видит Шривашан.

Оваа компанија веќе нуди решение за идентификација на луксузни чанти коешто работи со точност од 98% и распознава брендови како што се Louis Vuitton, Chanel и Gucci, благодарение на камерата што ги зголемува предметите за 260 пати. Уредот ги заменува експертите чија работа е да ги проценуваат луксузните чанти.

Фото: Pexels