Усаин Болт развива електрично возило што ќе чини 9.999 долари

25

Фото: Pixabay

Атлетичарот Усаин Болт го разви електричното возило Bolt Nano, што од следната година ќе се продава по цена од 9.999 долари, пишува CNBC.

Оние кои би сакале да возат електричен двосед, можат да депонираат 999 долари за да го резервираат својот модел на Bolt Nano. Возилото, во коешто возачот седи напред, а совозачот зад него, зафаќа само една четвртина од обичен паркинг простор.

Инаку, Болт е соосновач на компанијата Bolt Mobility што стои зад дизајнот на овој електричен автомобил наменет за градско возење.

Болт неодамна претстави и три модели на електрични тротинети.