Уште еден бизнис “цвета“ во пандемија

47

Компанијата што се занимава со продажба на храна и додатоци за домашни миленици, Petco, по третпат котира на Nasdaq и успеа од инвеститори да собере 817 милиони долари.

Акциите на Petco пораснаа за 56%, а пазарната вредност на оваа американска компанија достигна 6,2 милијарди долари.

Petco имаше голема трансформација во 2016 година кога беше инвестиран голем износ за електронска трговија, како и воведување на онлајн ветеринарни услуги, сè со цел компанијата на едно место да понуди повеќе услуги за домашните миленици.

Уште една компанија од тој сегмент, Chewy, исто така, и во време на пандемија успеа да оствари добри резултати, па нивните акции лани пораснаа за 273%, а годинава за 27%.

И двете компании работат добро благодарение на зголемениот број на домашни миленици што се чуваат во САД, поради пандемијата, а експертите сметаат дека овој бизнис ќе продолжи да расте и откако ќе заврши коронавирусот.

Фото: Pexels