Уште еден фудбалски клуб во минус – Рома со загуба од 204 милиони евра

32

Италијанскиот прволигаш Рома објави дека до 30-ти јуни оствари загуба од 204 милиони евра.

Фудбалскиот клуб, којшто американскиот бизнисмен Ден Фридкин, минатата година го купи за 600 милиони евра, за оваа финансиско фијаско ја обвинува пандемијата.

Песимизам предизвика и фактот што екипата не се пласирала во Лигата и клубот не заработил толку колку што се надевал во преодниот рок. За четири играчи, Рома доби вкупно само 13 милиони евра.

Единствена позитивна работа во текот на пандемијата е тоа што играчите и тренерот се откажале од четиримесечната плата, заштедувајќи му на клубот околу 30 милиони евра.

Претходно, шпанскиот прволигаш Barcelona објави загуба од 97 милиони евра.

Фото: Facebook