Уште еден германски автомобилски гигант вмешан во ист скандал како и Volkswagen?

21

more german car logos

Светската јавност будно ја следи ситуацијата околу скандалот во кој e вмешан најголемиот германски производител на автомобили Volkswagen.

Тамошните медиуми го споменуваат името на уште еден германски автомобилски гигант – BMW.

Оттаму велат дека тие не манипулирале со тестовите за емисија на штетни гасови, демантирајќи ги пишувањата дека и на нивни дизел возила се направени измами, пишува Reuters.

“Не постои разлика во третирањето на емисијата на штетни гасови без оглед на тоа дали возилата се тестираат или веќе се наоѓаат на патиштата“, велат од BMW.

Германскиот магазин Auto Bild во четвртокот пишуваше дека моделот BMW X3 xDrive 20d  ги надминува Euro 6 стандардите за емисија на штетни гасови. Тестирањата ги изврши Меѓународниот совет за еколошки транспорт (ICCT).