Уште еден технолошки гигант воведува работа од дома – засекогаш

155

Технолошката компанија Fujitsu планира двојно да го намали канцеларискиот простор во Јапонија за да се прилагоди на “новото нормално“ што го донесе пандемијата на коронавирусот, пренесува BBC.

Скоро 80.000 вработени во оваа компанија, во рамки на програмата Work Life Shift ќе добијат флексибилни услови за работа. Тука станува збор за флексибилно работно време, а работата од дома ќе прерасне во стандардна пракса, онаму каде што природата на работата го дозволува тоа.

Од компанијата веруваат дека можност да изберат дали ќе дојдат во канцеларија или ќе работат од дома ќе им помогне на вработените да бидат поефикасни и попродуктивни.

Фото: Freepik