Уште една земја сака работна недела од четири дена

94

Финската премиерка Сана Марин неодамна изјави дека планирa да го скрати работното време на четири дена неделно и шест часа дневно. По нејзината изјава, и Данците започнаа да размислуваат за кратење на работното време односно воведување на четиридневна работна недела.

Според официјалнта анкета на Агенцијата за статистика, секоја седма личност која работи во Данска би сакала да работи помалку часови во неделата.
Инаку, работната недела во Данска трае 37,5 часа, што е помалку од од повеќе европски земји.

Луѓето кои сакаат да формираат семејство како и оние со универзитетско образование спаѓаат во групата која посебно изразила желба за скратување на работното време.

“Луѓето сакаат да работат помалку откако ќе наполнат 35 години, и тоа е период кога многумина основаат семејства или имаат мали деца“, изјави Мартн Марис од Агенцијата за статистика на Данска, пренесува Анадолија.

Интересно е што 7% од анкетираните изјавиле дека сакаат да работат повеќе часови од досега.

Фото:Pexels