Уште пет дена за прилагодување на е – Даноци

19

884329F37BF2524ABC4045D8DC443DEFОстануваат уште 4.244 фирми кои во следните пет дена треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е – Даноци, соопшти Управата за јавни приходи.

Првите електронски пријави фирмите треба да ги достават најдоцна до 25 јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.

Целта на новините во даночното работење е да се замени досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП. Новиот електронски начин на комуникација со УЈП ќе овозможи 24 часовно поднесување на пријави, 7 дена во неделата.

Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.